ФОТО: Отворени четири дуќани за традиционални занаети во Старата скопска чаршија

Од:

Четири дуќани во кои ќе се негуваат старите традиционални занаети денеска беа отворени во Старата скопска чаршија.

dukjani-charshija (13)

Дуќаните се доделени од Владата на Република Македонија преку Министерството за култура, а за нивната реконструкција Градот Скопје инвестираше околу четири милиони денари и ги предаде на користење на Македонската артисанска трговска асоцијација – МАТА.

dukjani-charshija (1)

Меѓу нив има работилница за филиграми, за ткаење, везење и плетење и сувенирница во која ќе се продава сето она што се произведува не само во овие дуќани, туку и низ дуќаните во државата.

dukjani-charshija (2)

Во дуќаните ќе се организираат и обуки и работилници за сите заинтересирани граѓани кои сакаат аматерски или професионално да се занимаваат со овие занаети, а ќе бидат организирани и разновидни наменски настани, како на пример базари за оние што ќе сакаат да купат интересни оригинални рачно изработени предмети.

dukjani-charshija (3)

– На овој начин сакаме заедно со Министерството за култура повторно да ги заживееме старите занаети кои се во фаза на изумирање или веќе се изумрени. Се надеваме дека ќе допринесеме овие занаети повторно да ги има во нашата чаршија која ја посетуваат се поголем број туристи, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

dukjani-charshija (6)

Според министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, интегрираниот пристап е од огромно значење за ревитализацијата на Старата скопска чаршија.

dukjani-charshija (8)

– Ме радува тоа што ова значајно јадро во Градот Скопје го враќа својот автентичен сјај, истакна Канческа-Милевска, додавајќи дека како надлежно Министерство ќе продолжат со активностите за заживување на Старата Чаршија.

dukjani-charshija (9)

Во тој контекст, таа потсети дека покрај Законот за Старата Скопска Чаршија, како Министерство спроведуваат и стратегија за креативни индустрии, а го поддржуваат и проектот за мапирање на занаетите.

dukjani-charshija (10)

– Верувам дека со проектот за мапирање на старите занаети точно ќе се мапираат старите занаети и заедно со градот Скопје ќе продолжиме во негувањето на старите занаети се со цел Старата скопска чаршија да заживее, рече Канческа-Милевска.

dukjani-charshija (11)

Во четирите дуќани комплетно е заменета водоводната и електричната инсталација, сменети се вратите и прозорците, а реновирани се и ѕидовите и подовите.

dukjani-charshija (12) dukjani-charshija (14) dukjani-charshija (4)

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески