ФОТО: Отворена канцеларија за комуникација со Коце Трајановски

Од:

За Коце Трајановски говорат делата и вредностите кои тој ги остава зад себе, говори и програмата што ја изработи и отчетите што редовно ги прави, покажувајќи еден искрен однос кон сите граѓани. Тоа се нештата кои нас не разликуваат од останатите.

Заедно да го поддржиме сегашниот и иден градоначалник на Град Скопје, да ја прочитате и разгледате детално неговата програма зад која стои кредибилитетот на Трајановски, програма за која искрено верувам дека ќе се реализира идниот период.

Ова го рече денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на отворањето канцеларија за комуникација со граѓаните на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски.

koce

Ние, како што рече, не промовираме празни зборови, демагогии и плагијати во однесувањето, како што на пример тоа опозицијата го прави со копирање нечие однесување пред 20 години.

– Ние работиме и имаме дела, горди сме на тоа што го оставаме и правиме зад себе. Ние го даваме максимумот во сите сфери, работиме за народот и делата кои ги правиме остануваат за народот, рече Груевски.

Премиерот потсети како Бранко Црвенковски го најави отворањето на канцеларијата на Јани Макрадули.

– Се сеќавате кога кажа дека Јани игра добро баскет и често можете да го видите во скопските кафулиња. Ќе ви кажам, на Коце играњето баскет му е хоби, а не основна професија, а по кафулиња не можете многу да го видите, но затоа може да го видите со работниците на изградба на булеварите, на реконструкција и изградба на водоводите, канализациските мрежи, на парковите, шеталиштата, како и во контрола на јавните претпријатија, Водовод и канализација, Комунална хигиена, Паркови и зеленило, истакна Груевски.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226