ФОТО+ВИДЕО: Отворен парк Капиштец

Од:

Денеска, општина Центар го отвори паркот Капиштец. Тоа е парк за секого, за сите годишни времиња, парк со нова перспектива, велат од општина Центар.

„Ова е најубавиот парк, не само во Центар и во Скопје, туку и во цела Македонија. Во личната карта на паркот стои дека е на 20 000 м2, од кои 12 000 м2 се тревна површина, најголемиот природен зелен килим во Центар. Има две детски игралишта за деца од различни возрасти и кошаркарски игралишта за соодветна подлога за таков вид на спорт“, рече на отварањето на паркот градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

kapistec-novpark (2)

Поставена е урбана опрема по која паркот ќе се препознава. Таа е сигурна и трајна, наведуваат од Центар.

kapistec-novpark (1)

Има два типа осветлување – амбиентално и високо осветлување, со канделабри. Поставен е автоматски систем за полевање, техничка вода се црпи од два ископани бунари.

kapistec-novpark (3)

По 40 години, кога за прв пат се уредува зеленилото, се заменија со нови патеките кои претходно беа тесни.

Паркот, кој повеќе години не беше професионално одржуван, сега е парк за сите вкусови, рече Жерновски.

kapistec-novpark (5)

kapistec-novpark (7)

Паркот Капиштец го красат 18 зимзелени дрвја, 6 листтопадни цветни дрвја, 6 високи грмушки, 582 цветни листопадни и зимзелени грмушки, кои цветаат во различни периоди од годината, 104 листопадни грмушки, 430 декоративни зимзелени грмушки, 184 покривачи, 4010 перени, 20 високи украсни треви, 870 мини-треви и 1450 луковици од лале, зумбул, нарцис и мускари.kapistec-novpark (6)

Својата убавина паркот ќе ја покаже напролет, најавуваат од Центар.

kapistec-novpark (8)

Поради заштита од несовесните граѓани, општина Центар од понеделник најави дека ќе постави чуварска служба.

Отворени сме, рече градоначалникот Жерновски, за критики и предлози, за Капиштец да биде наш парк.

kapistec-novpark (9)

Со чашка кафе и топол чај жителите даваа свое видување за уште поубав парк Капиштец.

kapistec-novpark (10)

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории