ФОТО: Отворен ден во Општина Центар

Од:

Денеска во Општина Центар се одржа првиот отворен ден за средба на граѓаните со Градоначалник Андреј Жерновски и стручни служби на Општината.

Во оваа прилика, граѓаните на Центар ги искажаа своите проблеми, кои генерално се однесуваат на прашања поврзани со: урбанизмот и спроведувањето на деталните урбанистички планови, комуналните работи, легализација на бесправно изградени објекти и забрзување на постапката, спроведување на постапка за експропријација, вработување, како и проблеми со кои се соочуваат Здруженијата на граѓани со седиште во Општината, а се поврзани со немање соодветна просторија за дејствување или потреба за финансиска поддршка на одредни активности. Имаше и граѓани кои доаѓаа со свои предлози и препораки за подобрување на квалитетот на живот во Општината, како подобрување на енергетската ефикасност, урбано уредување на одредни улици, отварање на клубови на пензионери и слично.

02

Градоначалникот и стручните служби одговараа директно и преземаа обврска детално да ги проучат предметите и да се пронајде соодветно решение.

На денешната средба присуствуваат повеќе од 70 граѓани.

Овие отворени денови ќе станат пракса на Градоначалникот Жерновски, односно ќе се организираат секоја последна среда во месецот. На овој начин, граѓаните кои претходно побарале средба, ќе ќе имаат можност да разговараат со градоначалникот на општина Центар и раководителите на секторите, а сето тоа во интерес на граѓаните и намерата и желбата на Градоначалникот и на општина Центар за транспарентност, како и излегување во пресрет на барањата и предлозите на своите жители.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски