ФОТО: Оштетен штаб на СДСМ во општина Аеродром

Од:

„И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ се обврза на фер и коректна кампања, уште во текот на ноќта беше извршен вандалски чин во кој беше оштетен еден од нашите штабови.

Згрозени сме од чинот и начинот на кој бил извршен овој одвратен напад. Имено, во текот на ноќта еден од нашите штабови во месната заедница „Васко Карангелевски“, бил измачкан со измет.

Дали ваквите чинови воопшто некаде во светот се пракса? Кој е поривот за ваков одвратен, нечовечки чин? Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите и преплашени од тоа, делуваат целосно нерационално.

Ваквите постапки не доликуваат на Македонија и токму заради овие дела ВМРО-ДПМНЕ ќе биде опасно казнет на 15 октомври.

Уште еднаш повикуваме на фер и коректна кампања каде граѓаните правилно ќе се информираат за политичките понуди“, се вели во соопштението на СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски