ФОТО: Општинската администрација го чистеше Центар

Од:

Вработените во општина Центар заедно со градоначалникот Саша Богдановиќ денеска се приклучија на акцијата на ЗЕЛС за генерално чистење на општината.

Општинската администрација, согласно препораката, беа опремени со ракавици, кеси за отпадоци, како и механизација и лесни алатки.

Се чистеа Паркот на Франкофонија, околу Градски ѕид и Универзална сала, во Пролет, Урбан парк, седиштето на општината и секаде каде што според укажување на жителите има оставен смет.

Се чистеа јавни површини и депонии за да биде општина Центар поуредена и почиста.

Апелираме до жителите на Центар и до минувачите да не фрлаат отпадоци, кеси и да не оставаат стар намештај или електронски уреди на места кои не се за тоа наменети, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар