ФОТО: Општина Штип наплаќа по 50 денари за гол асфалт и прав

Од:

Во недостиг на средства во општинската каса, штипската локална власт реши на граѓаните да им наплаќа за остварените дела. За рекреирање во новоизградените спортски комплекси низ градот, поточно за оној во населбата „Автокоманда“, граѓаните мораат да платат  50 денари од час, во спротивно би можеле само да одморат на клупите што се поставени околу терените.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Но, она што најмногу ги изреволтира штипјани е одлуката за наплата за користење на спортско-рекреативниот комплекс „Џексон“.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Пред неполна година Советот на општина Штип донесе одлука за дислокација токму на овој објект, а ја базираше на фактот дека овој спортски терен е нефункционален.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Врз база на оваа одлука вработените во јавното претпријатие „Исар“ на 19 ноември започнаа со преселувањето на опремата од  спортско-рекреативниот центар, а десетина дена подоцна започна рушењето на административната зграда на овој објект во кој беа сместени и соблекувалните. Од теренот остана само студен асфалт и прав.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Но, новиот градски татко се покажа како „пишман-аџија“, па реши да ја стопира одлуката. Постави  нов раководител, кој во иднина ќе треба да „стопанисува“ со оваа локација.

По „реновирањето“

„ Џексон’ беше почетно реновиран, а сега продолжуваме со неговото уредување на задоволство на сите љубители на спортот. Термините веќе се издаваат, а сите што се заинтересирани треба да се јават во Општина Штип“, изјави Миле Јакимовски, раководител на СРЦ „Џексон“.по „реновирање“

Она што можеа да го воочат штипјани е дека состојбата со теренот не е воопшто променета, освен што трибините се пребојадисани.

по „реновирање“ (1)

За она што до пред неколку месеци локалните власти сметаа дека е руина, граѓаните сега треба да издвојат по педесет денари од лице за да го изнајмат. Изградбата на нови соблекувални, барем засега, изгледа како илузија.

по „реновирање“ (2)

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он