ФОТО: Општина Штип ги „шминка“ или ги обновува дотраените фасади?

Од:

Проектот за реконструкција на старите фасадите на зградите во централното градско подрачје во Штип, поточно во делот околу плоштад „Слобода“, кој започна пред месец и половина, речиси е при крај.

stipfasadi (6)

Идејата за реконструкција на дотрајаните фасади во централното градско подрачје беше поттикната  уште во 2011 година од страна на тогашниот градоначалник, Зоранчо Алексов, а предвидуваше обезбедување бесплатен простор за рекламирање за оние фирми што ќе се вклучат во реализацијата на оваа идеја.

stipfasadi (5)

За жал, ваквата идеја се сведе само на обнова на фасадата на зградата спроти „Стопанска банка“, за која средствата беа обезбедени од страна на фирмата „Телекабел инженеринг“.

stipfasadi (7)

Пред стартот на реализацијата на овој проект, актуелниот градоначалник, Илчо Захариев, информираше дека за обнова на фасадите се обезбедени 10.000 евра, од кои дел се донации до штипски бизнисмени, а дел се издвоени од буџетот на Општина Штип.

stipfasadi (4)

Но, очигледно е дека за актуелното раководство на Општина Штип обновата и реконструкцијата се состои во покривање на фасадите со свежа боја, без притоа да се санираат оштетувањата на фасадите и натстрешниците, кои можат да ја доведат во прашање и безбедноста на граѓаните.

stipfasadi (9)

Штипјани сè почесто го поставуваат прашањето колку реално ја чинеше Општината создавањето претстава во јавноста дека во градот сè се обновува и се гради.

stipfasadi (1) stipfasadi (2) stipfasadi (3) stipfasadi (8)






Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор