ФОТО: Општина Куманово доби согласност за програмата за енергетска ефикасност

Од:

Директорот на Агенцијата за енергетика, Лазар Гечевски денеска на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски му врачи согласност-мислење за програмата за енергетска ефиканост. За да се реализира програмата треба да ја усвои и Советот на Општина Куманово.

-Се соочуваме со период кога енергијата е дефицитарна во светот, а пред се во Република Македонија. Со оваа стратегија се подразбира улично осветлување, испразнување на енергијата преку енергетски фасади, прозорци и се она е енергетската ефикасност и заштита на енергија-изјави градоначалникот Дамјановски.

damjanovski-19noe

Оваа стратегија се одвива во рамки на Законот за енергетика од 2011 година, а со неа сите општини се обврзани да оформат програма за енергетска ефиканост. Откако истата ќе ја усвои и Советот на Општината, предвидено е да се спроведе едногодишен план, кој повторно ќе го разгледа Агенцијата за енергетика.

Инаку Куманово е единствен град во државата, кој го користи гасот како најефикасен, најеколошки и најекономски исплатлив енергенс. Освен дистрибутивна мрежа за јавни уставнови, општината работи и на гасификација на колективни објекти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените