ФОТО: Општина Карпош во фокусот на реномираното научно семејство

Од:

На вториот работен ден на Меѓународната конференцијата за квалитет и безбедност за храна и хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG) 2013 која се одржа во хотелот Континентал, Општина Карпош се претстави со своја видео презентација, на која беше ставен акцент на заложбите што локалната самоуправа ги прави на полето на контрола и безбедност на храната. Презентацијата ја водеше стручно лице од Општината, м-р Ирена Калајџиева – Милевска, која пред присутните го претстави начинот на менаџирање со кујните во предучилишните установи.

karpos-vo-fokus

Беше истакнато дека целиот стручен, технички и медицински персонал од градинките помина низ обука на која се здоби со меѓународно признати сертификати за имплементација на HACCP системот. Следствено на тоа, Општина Карпош, минатата година стана прва и единствена институционална членка на ова престижно тело за хигиенски инженеринг и дизајн, кое е во функција на безбедноста на храната. Во претставувањето, беше даден посебен осврт во справувањето со метаболитот на Aspergilus flavus, еден вид мувла, која што лачи на афлатоксин. Овој токсичен метаболит кој беше пронајден во млекото и млечните производи во соседните земји, ја вознемири  македонската јавност на почетокот на годинава. Токму тоа беше една од темите на која Калајџиева-Милевска се осврна и меѓу другото истакна дека нашите деца никогаш не беа доведени во опшасност и дека граѓаните на Општина Карпош треба да бидат спокојни за своите деца, бидејќи сите четири градинки и нивните клонови користат млеко и млечни производи исклучиво од македонски производители со проверен квалитет.

karposo (2)

Во рамките на оваа научна манифестација се одржа брокерски настан на кој домашните и странски компании, преку одржување на комерцијални презентации, се запознаа со своите идни клиенти и експерти од областа. Општина Карпош оствари tête-à-tête средби со највлијателната компанија во светот за изградба на водоводни и дренажни системи во фабрики, болници и училишни кујни – ACO Building Elements,  со претставник од најголемиот производител на органски зеленчук и овошје од Индија – DGM Corporate, со директорот на Фитосанитарна управа при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и бројни научни работници од земјава.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира