ФОТО: Општина Центар ќе им помогне на настраданите од невремето

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски со претседателот на советот Мирослав Шиповиќ и стручните лица од општината на лице место извршија увид за оштетувањето на една куќа зад гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“. Од невремето во саботата падна покрив врз соседната куќа.

krov 6

За среќа, велат жителите нема загинати или повредени и направена е материјална штета. Сопственикот Ванчо Дамјанов е задоволен од интересот на општината и од ветената помош.

krov 5

„Ова е навистина работа за која мора под итно да се интервенира. И бидејќи општина Центар, и јас како градоначалник, секогаш се грижиме и ќе се грижиме единствено за интересите на граѓаните, во рамките на законските и финансиските можности ќе помогнеме да се санира ова. Одлуката ќе ја предложиме на Седницата на Совет и ги повикувам и советниоците на ВМРО-ДПМНЕ да ја подржат, бидејќи сите сме избрани за граѓаните, а не за тесно партиски интереси.“ изјави Жерновски.

krov 2

„Утре на седницата на советот ќе ја ставиме и оваа точка и ќе направиме се да се помогне на жителите на општината“ изјави Шиповиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар