ФОТО: Општина Центар ќе гради ново основно општинско училиште во Капиштец

Од:

Градоначалникот на општина Центар ќе го реализира предизборното ветување за изградба на ново основно општинско училиште во населбата Капиштец.

Општината испраќа допис до Владата на РМ и бара мислење и согласност за основање вакво училиште. Ја известува Владата дека согледувајќи ја потребата на родителите и учениците, во населба Капиштец и околината, одлучи да започне со изградба на училиштето кое треба да ги задоволи стандардите за современо образование на деца од 6 – 15 годишна возраст.

novoUcilisteKapistec (2)

Планирано е училиштето да има капацитет до 500-тини ученици, распределени во 18 паралелки од 1-во до 9-то одделение.

Идејното решение на новото училиште беше избрано на конкурс распишан во 2014-та година, а основниот проект, во сите фази, е избран на тендер во август, истата година.

Изградбата делумно ќе биде покриена од буџетот на општина Центар, а дел од донации и кредити.

Средствата за основање и почеток со работа на новото основно училиште ќе се обезбедат од буџетот на општина Центар и буџетот на Република Македонија (преку блок дотации).

novoUcilisteKapistec (1)

Минатата недела, Советот на општина Центар, на предлог на градоначалникот Жерновски, едногласно го раскина договорот за кредит за изградба на катна гаража кај поранешната НИП Нова Македонија. Средствата наменети за катна гаража ќе бидат пренасочени за изградба на новото училиште и довршување на изградбата на новата градинка Кочо Рацин.

Во овој дел на Центар е исполнет условот за изградба на ново училиште, бидејќи има доволен број на ученици за формирање најмалку по две паралелки од 1-во до 9-то одделение.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски