ФОТО: Општина Центар ќе го чисти дивиот пазар под Кале

Од:

Општина Центар, од утре ќе започне со акција за расчистување на дивиот пазар на стари работи кој се наоѓа под Скопското Кале.

Овој див пазар е во непосредна близина на Царина на Република Македонија и базенот Плаја Виста.

Пет години никој не се погрижил да се расчисти сметот, кој е жариште и непосредна опасност за секакви заразни болести. Тука се расфрлени стари точаци, јамболии, канти, кеси, обувки, распадната облека, пластика.

div-pazarKale (1)

На ужасната миризба и отпадот кој се наоѓа и до самата капија на Управната зграда на Царина, веќе подолго време се жалат и вработените, но и сите кои минуваат тука.

Акцијата општина Центар ќе ја реализира со една градежна машина-утоварувач, 10-тонски камион и еден помал камион , а 50-тина работници ќе го чистат сметот и ќе го уредуваат теренот.

Собраниот смет ќе се носи на депонијата Дрисла.

div-pazarKale (2)

Општина Центар ги информира сите граѓани дека овој простор ќе биде затворен за секакви активности и движење.

Овие фотографии се снимени пред самиот почеток на акцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар