Зимската служба на општина Центар веднаш откако почна да паѓа снег, излезе на терен и непрекинато ги чистеше улиците кои се под надлежност на општината, вчера од 13:30 до 03:30 утринава.
Фрлени се 46 тони сол, а улиците ги чистеа три зимски возила.
Надлежните не дозволија во ниту еден момент да има застој или проблеми со сообраќајот на овие улици.
Утрово, вработените излегоа и ги чистат тротоарите на центарските улици.
Службата е подготвена и има доволно сол доколку има нови и поголеми врнежи од снег.