ФОТО: Општина Центар го реновира осветлувањето во основните училишта

Од:

„Започнавме со комплетна санација на надворешното осветлување во седумте основни училишта на територијата на општина Центар.

Првата интервенција е веќе извршена во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Постоечките улични светилки се заменети со 12 штедливи светилки во внатрешноста на дворното место, заменет е скинатиот кабел и четирите светилки во задниот дел од дворот на училиштето, кои не беа во функција, сега се поправени.

На влезот на училиштето поставени се двојно појаки светилки. Дополнително е осветлен и надворешниот паркинг, со многу посилно осветлување од постојното. Службите во општината извршија проверка и замена на светилките во игралиштето во основното училиште.

И во основното училиште „Коле Неделковски“ заменети се светилките со 10 појаки светла.

Денеска се врши интервенција во основното училиште “Св. Кирил и Методиј“.

Општина Центар ќе продолжи со санација на комплетното осветлување во сите основни училишта, со цел поголема видливост, а со тоа и безбедност на учениците“, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски