ФОТО: Општина Центар го отвори „Паркот за миленичиња“

Од:

Општина Центар го отвори „Парк за миленици“ кој се наоѓа спроти објектот на НИП „Нова Македонија“ во Паркот на новинарите.

Сопствениците со нивните миленичиња отсега ќе можат слободно да се шетаат во паркот чија површина, на барањето на граѓаните до градоначалникот Жерновски, е двојно зголемена од првобитниот план и сега изнесува 900 м2.

Просторот е затворен од три страни со ограда висока 2 метри, а четвртата страна допира до оградата на последната парцела.

Во средишниот дел е изработена површина која е исполнета со ризла. Во паркот е поставена урбана опрема и тоа три клупи и шест канти за собирање на изметот од милениците. Истотака, поставени се и дополнителни канделабри.

На влезот на паркот се наоѓа информативна табла со правила за користење на паркот, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар