(ФОТО) Охрид: СДСМ се труди да го направи подобар животот на живите, а не да прави споемници за умрените

Од:

За СДСМ ќе има локални избори само долколку се организираат и предвремени парламентарни избори под услов да бидат фер и демократски рече вечерва Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров пред охриѓани.

“Македонија набргу ќе се разбуди како демократска земја со демократска власт предводена од СДСМ. За државата ова е историски момент иако голем дел од нас не се свесни во какво историско време живееме. Имајки предвид на каков начин се пресметаа со пратеници и новинари , може да замислете што на локалните избори ќе им се случува на кандидатите за градоначалници и советници, што ќе им се случува на граѓаните. За да може Македонија да се врати во нормален колосек е неопходно одржување на фер и демократски парламентарни избори“, рече Петров.

Советникот на СДСМ во Советот на општина Охрид, Томислав Тунтев на охриѓани им го постави прашањето Дали правите разлика?

„Првата разлика е што сите од СДСМ знаат да ги почитуваат законите и уставот. Втората разлика е што пред да ја напуштата седницата на советот советниците од ВМРО ДПМНЕ, ни рекоа можевме да поднесеме 3874 амандмани. Сакавме да ги прашаме зошто не ги поднесовте?Зошто да ги поднесат? Видоа во буетот на општина Охрид 204 милиони за споменици, за мебел, за автомобили? И да ги поднесеа ќе ги разгледувавме. СДСМ се труди да го направи подобар животот на живите граѓани, не се труди да прави споменици за умрените“, рече Тунтев.

Неколку илјади граѓани се собраа на протестите во Охрид, а по охридските улици беше одржан марш.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица