ФОТО: Ново зеленило сред бетонот во Градски sид

Од:

Сликата со запуштени, диви грмушки, исушена трева, денеска е заменета со нова, на која се гледа трева со најдобар квалитет, зимзелени грмушки и високи садници.

zelenilo-agromehanika-2

Плочникот во Градски sид, позади поранешна „Агромеханика“, сега е нова, зелена оаза сред бетонот и со доаѓањето на пролетта ќе биде идеално и мирно место за дружење и рекреација на околните станари и посетителите, соопштуваат од Општина Центар.

zelenilo-agromehanika-3

Општина Центар целосно го реконструираше зеленилото во, до вчера, запуштените жардинери кои се наоѓаат на платото опкружено со високи станбени комплекси.

zelenilo-agromehanika-4

Овој дел во сега е модерно, разиграно и необично хортикултурно уреден. Високите садници се скулптурални и високо декоративни, а перените и граминеите внесуваат бои во различи периоди од годината. Околу групациите, подигнати на различни нивоа, поставен е темен бусен и засадени се 6500 растенија, на површина од над 1070 м2.

zelenilo-agromehanika-5

Во помалите жардинери засадени се зимзелени грмушки и листопадни ползавци кои ја менуваат бојата.

zelenilo-agromehanika-6

Поставен е нов, автоматски систем за наводнување на жардинерите, кој овозможува навремено наводнување и повитален раст и развој на зеленилото.

zelenilo-agromehanika-7

Претходно, општина Центар стави и ново, современо детско игралиште на овој простор, со вкупна површина од 250 м2, наменето за деца на возраст од 3 до 11 години. Игралиштето беше поставено на барање на граѓаните.

zelenilo-agromehanika-8

Комплексот е надополнет и со урбана опрема, канти за отпадоци и клупи.

zelenilo-agromehanika-9 zelenilo-agromehanika-10 zelenilo-agromehanika-11

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски