ФОТО: Ново современо детско игралиште во „Индијанско маало”

Од:

„Наместо гаврани како порано, сега тука се слуша песната на птиците. Грдиот и запуштен дел од Центар е сега прекрасно место, со многу зеленило и ново детско игралиште“, вака жител на „Индијанското маало”, кое се наоѓа во Градскиот  sид зад Домот на градежните работници, го изрази своето воодушевување од комплетно новиот изглед на овој простор, на средбата со градоначалникот Андреј Жерновски и вработените од општината.

„Старото и искршено, го замени ново, современо детско игралиште. Тоа е направено по Европски стандарди со гумен, заштитен под, со три лизгалки, лулашки, клацкалки и три платформи. Поставен е систем за полевање, како и нова урбана опрема. Деновиве, како што бараа и жителите, ќе биде поставена и чешма.

Од ова маало, општина Центар го почнува проектот за воведување чуварски служби во Градскиот ѕид, поради безбедност на децата и жителите и зачувување на зеленилото и урбаната опрема.

Целиот простор на „Индијанско маало”, од 5000 м2 е пејсажно дизајниран, со бујна вегетација од различни дрвја и грмушки, кои ќе се одржуваат со систем за полевање.

Засадени се листопадни и зимзелени дрвја, грмушки, украсни дрвја. Целиот простор го краси нова урбана опрема и мал, новопоплочен сквер.

Трите кули и неколкуте околни згради добија нов, заеднички двор, кој во овие жешки, летни денови ќе се користи за одмор на повозрасните и за забава на нивните деца и внуци.

На средбата со жителите, градоначалникот Андреј Жерновски најави реконструкција на пристапната улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и партерно уредување на просторот помеѓу булеварите “Димитрија Чуповски“ и „Партизански одреди“.

Општина Центар паралелно работи на реконструкција на уште 4 типски игралишта во Градски ѕид.

И новото детско игралиште е дел од проектот „Нова пролет, нова офанзива!“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории