Нови 800 илјади евра ќе се плаќаат за реконструкцијата на Собранието на Македонија. Тендерот го доби градежната компанија „Бетон“, која пред еден месец склучи договор за доградба, надградба, адаптација и зајакнувањето на објектот.
Времетраењето на овие завршни активности треба да се финишираат во рок од 5 недели, кога се очекува да се заврши реконструктивниот зафат што трае повеќе од 3 и пол години. Најголем дел од градежните работи се веќе завршени, а причина за неколкумесечното продолжување на рокот за изведба како што се наведува се непланирани, но и задолжителни активности кои треба да се завршат пред неговото пуштање во употреба.
Првичната проценка за тоа колку ќе чини новиот изглед на Собранието изнесуваше 12,8 милиони евра. Последна информација објавена во медиумите во врска со доградбата на СОбранието е дека е дека власта од буџетот оддели 9,5 милиони евра за изградба на куполите на Парламентот.
Од 2010. година па наваму, покрај основниот договор, потпишани се уште неколку анекс договори за изградба кои се водат како непланирани трошоци.
Во ставката дополнителни работи за изведување се склучени уште неколку договори во градежната компанија „Бетон“ во износ од дополнителни речиси 2 милиони евра. Според информациите на Бирото за јавни набавки, на почетокот на Април 2010-та година, за склучен договор за изведба на дополнителни занаетчиски работи се оддвоени 18 илјади евра.
Во средината на октомври во 2010 година, за проектантски надзор во делот на зајакнување од проектот за доградба и адаптација на објектот на Собранието се издвоија уште 3 милиони денари или 50 илјади евра.
На 25. февруари 2011. година, склучен е уште еден договор за изведба на дополнителни работи во вредност од 373 илјади евра.
Кон крајот на јуни 2011. година власта потроши уште 184 илјади евра за дополнителни градежни интервенции.
Следен дополнителен договор за доградба, надградба, адаптација и зајакнувањето на објектот на Собранието се склучува во крајот на јули 2012. година во вредност од 27 милиони денари или 440 илјади евра.
Пред почетокот на 2013. година во декември е склучен договор со компанијата „Бетон“ во висина од 51 милион денари, односно 845 илјади евра.
Експертите уште во минатото предупредуваа дека со овие анекс договори се остава простор за незаконски дејствија при што се злоупотребуваат јавните пари. Воедно, се нагласува дека институциите поставуваат многу високи критериуми на класификација за фирмите да можат да аплицираат на тендерите, а во некои случаи бараат фирмите да имаат искуство со државни институци.
Тоа е проблем бидејќи се стеснува изборот на фирми кои можат да учествуваат во тендерите и однапред се знае среќниот добитник.
Петар Клинчарски