ФОТО: Новата линија за секундарна селекција на отпад пристигна во Прилеп

Од:

За околу два месеци се очекува да започне со работа линијата за секундарна селекција на отпад во Прилеп. Пред една година прилепското ЈП „Комуналец“ го потпиша договорот со хрватската фирма „Техникс“ од Вараждин за изградба на фабрика за секундарна селекција.

Во игра беа уште две странски компании, но според директорот на ЈП „Комуналец“ хрватската компанија доставила најприфатлива понуда, односно за 14,7 милиони денари ќе ја врши селекцијата на отпадот.

Пристигна првиот дел од линијата од фирмата „Техникс“. Вториот дел се работи и треба да пристигне за околу еден месец. Во секој момент очекуваме да ја добиеме дозволата за изградба на халата каде што треба да се постави оваа линија – изјави Златко Ристески, директор на ЈП „Комуналец“.

sekundarna-selekcijaprilep1

Халата треба да биде поставена на депонијата „Алинци“ на парцела од 1200 м2 .Вкупната инвестиција ќе изнесува некаде околу 30 илјади денари, средства обезбедени од „Комуналец“.

Со поставувањето на линијата за селекција на отпад фирмата вети вработување на нови 40-ина лица, како и прилив на финансиски средства, поради што прилепчани стравуваат дека со оваа инвестиција ќе имаат дополнителен финанасиски товар поради зголемување на комуналните такси.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена