ФОТО: Нова зелена оаза во општина Центар

Од:

„Жителите на улицата „Питу Гули“ на Водно, ќе добијат реконструирано зеленило. На површина од 600 метри квадратни, општина Центар врши озеленување со зимзелени и листопадни декоративни растенија.

На овој простор ќе се садат зимзелена магнолија Grandiflora и шест листопадни чадорести дрва Albizia julibrissin, кои во текот на сончевите летни денови ќе ја покажат сета раскош со цветови налик на паун.

Околу двеста зимзелени грмушки ќе ползат по површината и ќе ја стабилизираат косината. Околу двесте декоративни зимзелени и листопадни  грмушки,  со различна структура и колорит, ќе внесат динамика и живост на локацијата во секој дел од годината, а со развој и ширење на садниците ќе се направи компактен и згуснат пејсаж.

На целата локација ќе биде поставен автоматски систем за полевање. Околу овој зелен појас, општина Центар ги реконструира и тротоарите“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар