ФОТО: Нов „зелен“ лик на Пролет

Од:

Најстарата населба во Скопје, Пролет, добива нов изглед. Меѓу станбените блокови на потегот кај  улиците „Мирче Ацев“ и „Цицо Поповиќ“, во завршна фаза е реконструкцијата на тревните површини и садењето на 16 видови садници, претежно  повеќегодишни, декоративни зимзелени грмушки, 14 јавори и две магнолии.

Novi sadnici - Prolet (3)

Посадени се вкупно 779 садници, направен е автоматски систем за полевање чии прскалки ќе црпат вода од еден  бунар за наводнување со техничка вода.

Novi sadnici - Prolet (4)

Тревата на повеќе места е веќе зелена, а целата површина е уредена, постоечките дрвја искастрени, и се наѕира конечниот изглед на целото маало меѓу зградите, запуштано со години.

Novi sadnici - Prolet (5)

Општина Центар ќе постави и 10 клупи и канти за ѓубре.

Novi sadnici - Prolet (6)

Општина Центар ја завршува големата акција за уредување на седум илјади метри квадратни запуштена површина, со високо обраснати и исушени треви и коров, уништени дрвја и гранки кои беа потенцијална опасност за граѓаните во населбата Пролет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар