ФОТО: Нов коловоз и нови тротоари на крак на улицата Славејко Арсов

Од:

Наместо земја и кал, по кои газеа граѓаните, општина Центар го изгради коловозот и тротоарот на крак на улицата Славејко Арсов.

Вредноста на зафатот е 3.000.000 денари и тоа се средства од буџетот на општина Центар.

Должината на улицата е 100 м, а површината е 800 м2.

Поставен е нов асвалт во 2 слоја и тротоар од бехатон плочки. Направена е и нова линија за осветлување.

Оваа улица досега не беше проодна, а сега е воспоставена врска со последната автобуска станица.

Rekonstruiran krak na ul. Slavejko Arsov (4)

Изведувач на проектот е Пелагонија АД – Гостивар.

Со ова, општина Центар одговори на барањата на жителите од улицата и на една амбасада која се наоѓа на улицата.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он