ФОТО: Нов ѕид за слободно изразување во Тетово

Од:

Денеска, во центарот на Тетово, се поставени двојазични табли за слободно изразување, на тема „Во Тетово сакам…“. Тетовци веќе почнаа да ги споделуваа своите ставови, мислења и желби за подобро и поубаво Тетово.

zid-tetovo (3)

После улицата „Македонија“ и Старата Чаршија, во Скопје, Тетово е третата локација на која се поставени табли за слободно изразување. На првите две инсталации, веќе еден месец, десетици граѓани, секојдневно, испишуваат пораки и мислења за тоа што за нив претставува слободата и што сакаат да направат во својот живот пред да умрат.

zid-tetovo (2)

На 26-ти октомври ќе биде поставен и четвртиот ѕид за слободно изразување во Струмица.

zid-tetovo (5)

Инсталациите кои го искористуваат јавниот простор како место за слободно изразување се дел од проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум.

zid-tetovo (1)

 

 

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово