Затворениците од затворот во Прилеп, алармираат за нечовечките услови.
Мери Николова, активист на Удар, вели дека осудениците се подготвуваат за бунт доколку не се реновират затворите. Еве што напиша Николова:
Затворениците велат, многу од нас со право се затворени, но поголем дел се монтирани случаи. Затворениците бараат: Јавноста, позицијата или опозицијата, сите обесправени и чесни граѓани на Македонија, да одржат прес за нас, зошто и ние постоиме, имаме семејства, деца како сите вас. Само разликата е во тоа што ВАШИТЕ деца го чуствуват допирот и нежноста со вашите дланки, а нашите во сон ја барат родителската топлина од нас. Сега, единствено што ни остана, се нашите солзи и молба до вас ДА СЕ БОРИТЕ ЗА ПРАВДАТА И ДА СЕ СЕТИТЕ И НА НАС. ГРУЈО НИЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ТИ ПРОСТИМЕ!!!
Затворот Во Прилеп е еден од најлошите затвори во Македонија. Директорот на затворот ги мачи осудениците со недавање третмани. Викенди со години, иако ни следуваат не ги добиваме. Но во овој затвор има и полоши работи, пример, службата за обезбедување употребува физичка сила без потреба.
Овој затвор нема ниту амбулантно возило, ниту лекар, доколку некој не е добар, кога ќе дојде брзата помош само констатира смрт. Затворите во Македонија се вистински хорор филм.