(ФОТО) Николова: Премиере те поздравуваат затворениците од Идризово

Од:

Meри Николова, активист на Удар, на својот ФБ профил објави слики и текст за состојбата во затворот Идризово.

На сликите се гледаат страшните услови во затворот, па дури и кревети на три спрата, поради недостиг на место од напливот на затвореници кој се случува во последните години.

Еве што напиша Николова:

statusNikolova

Премиере, те поздравуваат затворениците од Идризово. Не е лошо и кај нив, каде се невино осудени од овој режим, Барок да направиш. Пуштија слики, барем нивните соби да ги видиш. Ти пренесуваат поздрав и те очекуваат да ги посетиш.

idrizovoVnatre1

Еве што ми напишаа затворениците:

Една од најубавите соби е во четвртото крило, инаку во другите, петтото крило на пример, немаат ниту бања ниту ВЦ, во една соба спијат по 32-ца. Нема разлика дали се политички затвореници, наркомани, болни од хепатит, оние кои се на метадон, хомосексуалци.

-Во врска со храната, лебот со количка го носат најмалку 20 осуденици и го префрлаат во рака, еден по еден, цел километар, независно дали врне, дали е сонце го носат во зградата до казаните. Од кај што ни ја носат храната навечер спијат мачки и има глувци. Затоа осудениците се хранат од свој џеб.

idrizovoVnatre2

Посетите треба да ги чекаме по 3 саати надвор. И нашите фамилии се принудени под ведро небо и да се изживува со нив секој што е во униформа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Почина осуденик од затворот „Идризово“

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница