ФОТО: Никако да никне луксузен хотел кај детската болница во Охрид – уште едно од ветувањата на ВМРО – ДПМНЕ

Од:

Искршени прозори, запустено земјиште и руинирана зграда, е сликата која охриѓани може да ја видат на местото на поранешната детска специјална болница. Наместо луксузен хотел или дел од болницата за кардиоваскуларни заболувања, има запуштена зграда и собиралиште на хулигани.

DSC02743

Во многу наврати јавноста слушаше разни ветувања околу поранешната детска специјална болница. Од тоа како бил објавен тендер за луксузен хотел, до изработка на проект од страна на министерството за здравство за реконструкција на поранешната детска болница која ќе биде наменета за потребите на Заводот за кардиологија. Градоначалникот Бакрачески низ годините неколку пати го промени ставот околу тоа што ќе биде со детската болница.

DSC02740

Во 2011 година, тогаш како директор на Заводот за кариоваскуларни заболувања тој тврдеше дека во тек е изработка на проект со кој поранешната детска болница ќе биде наменета токму за заводот каде тој беше директор.

DSC02737

Во тек е изработка на проект од страна на Министерството за здравство за реконструкција на поранешната детска болница која ќе биде наменета за потребите на Заводот за кардиологија. Еден дел од проектот вклучува и проширување на дејноста и започнување на работа на одделение за детска кардиологија, она што му недостасуваше на нашиот град – истакна во 2011 година тогашниот директор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања.

DSC02736

Само две години подоцна, откако стана градоначалник, Бакрачески тврди дека на тоа место ќе се гради луксузен хотел.

Веќе е објавен тендер за продажба на земјиштето кај поранешната детска болница чија намена ќе биде градба на луксузен хотел. Тоа се значи четири инвестиции во делот на туризмот кои ќе значат силен импулс за развој не само на туризмот туку и локалната економија – рече неодамна градоначалникот Бакрачески.

DSC02735

Пред парламентарните избори во 2008 година, на седница на Советот на Општина Охрид местото кај детската болница беше пренаменето исто така за хотел. И министерот за здравство, Никола Тодоров се уште стои на ставот дека детската болница ќе биде дел од Заводот за кардиоваскуларни заболувања.

DSC02734

Една од алтернативите за која активно размислуваме е тука да ја пренесеме болницата за кардиоваскуларни заболување и ова да биде еден центар во Охрид кој ќе биде познат не само за Охрид туку и за регионот, затоа што ни едната ни другата болница не опслужуваат пацинети само од Охрид – истакна Тодоров во 2013 година.

DSC02741

Но, и покрај сите ветувања на власта, местото каде што беше сместена поранешната детска болница е запуштено. Некогашната зграда е руинирана, голем дел од дограмата е ограбена, а целото место наликува на собиралиште на наркомани и хулигани.

DSC02739

Ветувањата на власта, уште еднаш се покажаа дека биле за собирање на политички поени кај народот и најчесто споменувањето на ова место било пред изборен циклус. Охриѓани никако да го видат ниту тој, ниту било кој друг луксузен хотел од некој светски познат ланец, кои што ВМРО – ДПМНЕ постојано ги ветува.

DSC02738

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид