ФОТО: Не се ценкајте со женските права и повлечете го законот

Од:

Граѓаните денеска протеститраа пред Собранието на Република Македонија, за време нас закажаната пленарна седница на чијшто дневен ред е предлог законот за прекинување на бременоста.

Според нив, дополнителните амандмани кои беа донесени во меѓувреме сеуште го ограничуваат правото на слободниот избор на жената, а граѓаните со протестот се залагаат за нов закон кој ќе ги почитува човековите права.

abortus-2protiv3

„Остануваат доставувањето на писмено барање од страна на жената, задожителното советување во кое се вклучени и предностите од продолжувањето на бременоста, остануваат трите дена на чекање по задолжителното советување, писмената согласност“, потенцираше Бојан Јовановски од ХЕРА, објаснувајќи дека актите на советувањето се она што најмногу ги интересира, и што покажува дека самиот закон не е сеопфатен односно не е интегрален.

abortus-2protiv2

Со ова, изјави Јовановски, Министерството за здравство не ги сослуша препораките на граѓаните, 72 НВО, стручните здруженија на гинеколози и меѓународниот фактор, кои порачаа повлекување на овој закон од итна постапка и спроведување на истиот по редовна, но со широк консултативен процес.

abortus-2protiv1

Граѓаните им порачаа на Министерот и Собранието да не се ценкаат со женските права, и апелираа до сите пратеници да не го гласаат предлог законот.

„Апелирам до пратеничките од сите политички партии, и се надевам дека нема да ги прецениме“, изјави Неда Коруновска од Реактор, додавајќи дека овој предлог закон е тест за да се види дали квотите го дале очекуваниот резултат.

abortus-2protiv6

„Пратеничките со трет мандат седат таму поради квоти, и доколку изгласаат ваков закон ќе ги држиме за одговорност и ќе бараме укинување на квотите во Република Македонија“, порача Коруновска.

Оваа иницијатива нема да застане тука, а една од наредните мерки е барање до претседателот на Македонија да не го потпише законот, порача Јовановски.

abortus-2protiv5

„Понатаму ќе гледаме да го спориме овој закон и на Уставен суд“, изјави тој.

Марија Савовска од Акција Здруженска, рече дека ова е последен обид да се спречи силеџиството кое се демонстрира во целата постапка околу донесувањето на законот.

abortus-2protiv4

Се надеваме дека овој Парламент ќе не заштити од „заштитата“ која ни ја демонстрираат Министерот за здравство и оваа Влада“, порача таа.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он

Абортусот забранет во уште три американски држави

Горан Наумовски