ФОТО: Навала на гласачи од Албанија во Охрид

Од:

Жители од Пештани за А1 информираат дека преку граничниот премин Свети Наум од соседна Албанија се носеле оранизирано луѓе од соседните албански градови на гласање во Охрид. Велат дека само само досега поминале 15 комбиња и 3 големи автобуси.Велат дека во комбињата имало меѓу 16и 20 луѓе, додека во автобусите имало и по 50 луѓе.

albanci 2.jpg

Во меѓувреме велат дека поради тоа што ги сликале неколку полициски службеници ги легитимирале граѓаните и барале лични карти затоа што ги снимале и сликале комбињата и автобусите кои поминувале.

albanci 3.jpg

Комбињата и автобусите застануваат кај спортската сала Биљанини извори. Портапролот на СВР Охрид, Стефан Димовски вели дека нема информации за автобуси со граѓани од Албанија.Негира дека нивни полициски службеници легитимирале во селото Пештани.

albanci 1.jpg

„Согласно изборниот законик и правниот законик ние имаме соодветна поставеност на секое гласачко место. На сите полициски службеници пред изборниот период им е извршена обука како да постапуваат во случај на ситуации во и околу изборните места кога треба да интервенираат и кои се нивните права и обврски.

albanci 4.jpg

– Никакво легитимирање надвор од овие прописи не се случува на ниту едно место и ниту еден полициски службеник нема преземено несоодветни мерки.За сега нема пријави за несоодветни однесувања било од полициски службеници било од граѓани“ рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември