(ФОТО) Напнато во Октиси: Жителите не дозволуваат изградба на црква

Од:

Во струшкото село Октиси претпладнево е напнато во обидот да биде поставен камен темелник на црквата Свети Димитрија во селото, за што локалните жители и иницијативниот одбор ги има сите потребни дозволи.

Локалните жители од муслиманска вероисповест не дозволуваат поставување на камен темелникот за изградба на црквата поради што ситуацијата е напната и крајно тензичнa, информираат за А1он жители на Струга кои се во селото.

oktisi (2)

Со цел спречување на поголем иницидент има присуство и на поголема група на полициски специјалци.

Според кажувањата на еден жител на Струга, жителите од муслиманска вероисповест стоеле со арапски знамиња и не дозволуваке да се реализира овој чин.

oktisi (3)

Во Октиси полицијата во моментот делува превентивно и е во близина и оневзможува да се судрат. Во моментот нема никаков физички инцидент меѓу присутните рече Стефан Димовски портарол на СВР Охрид.

oktis

Би можело да ве интересира

Пламна голем пожар во атарот на струшкото село Октиси

Жителите на струшко Октиси: Не дозволуваме сеча на шумата околу изворите, ќе ги браниме со жив штит

Божиновска: Комисијата никогаш не спомнала трампа на верски објекти во Октиси и Прилеп

Емир Латифовиќ

Божиновска: Градежните работи започнати во Октиси се согласно законите и урбанистичкиот план

Ана Ололовска

Јанкулоска: Дијалогот е единствен начин за надминување на проблемот со изградбата на црква во Октиси

Ана Ололовска

Тимотеј е оптимист дека по смирување на страстите ќе започне изградбата на црквата во Октиси

Ана Ололовска