ФОТО: Најстарата населба во Скопје со нов, зелен и урбан лик

Од:

Општина Центар започна голема акција за уредување на дваесет илјади метри квадратни запуштена површина, со високо обраснати и исушени треви и коров, уништени дрвја и гранки кои претставуваат потенцијална опасност за граѓаните во населбата Пролет.

Најстарата станбена населба во Скопје, населбата Пролет, ќе добие нов лик со 779 садници за почист воздух и поздраво живеење.

Naselba Prolet (2)

Општина Центар обезбеди 16 видови на садници и тоа декоративни зимзелени дрвја, високородни садници, јавори, магнолии и грмушки.

Општината и овде ја реализира својата заложба да не се троши залудно питката вода и затоа за наводнување на овие 20.000 м2 се копа бунар за наводнување со техничка вода, соопштуваат од Центар.

Naselba Prolet (4)

Системот за наводнување ќе биде автоматски, во периоди кога тоа е неопходно за зеленилото.

На овој простор исто така ќе бидат и комплетно реновирани  детските игралишта, ќе постави нова урбана опрема (канти за ѓубре, клупи и др.) и ќе се постави ново осветлување.

Naselba Prolet (1)

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек