ФОТО: На денот на екологијата Слатинско езеро пред еколошка катастрофа

Од:

Нивото на водата на Слатинско езеро за околу месец дена  се намали од девет метри на прибложно  еден  метар длабочина.

Водата со ненамален интензитет сеуште истекува низ браната, така да ни затварањето на испусниот вентил  пред два дена не допринесе да престане намалувањето на нивото на акумулацијата, кое дневно опаѓа  за  околу триесетина сантиметри реагораат од СРК Свети Апостол Петар од Охрид.

slatino 5

„Водената површина веќе не личи на езеро тука на бара. Флората е уништена, а за фауната каде спаѓаат и рибите, има време одсамо неколку  дена да се спаси. Апелите на рибарите и концесионерот не допреа до вистинското место за да се изврши санација на пукнатината на браната.

slatino 4

– Се очекува езерото за петнаесетина дена преку пукнатината потполно да се испразни“, вели Радован Димитриевски претседател на спортските риболовци од Охрид.

Денес советот на Хидробиолошкиот институт како овластена научна установа за рибарство по барање на концесионерот на рибниот фонд, треба да донесе мислење дали и каде ќе се префрили рибата.

slatino 2

„Највероватно капиталните крапови ке се префрлат во мрестилиштето за крап во дворот на Хидробиолошки завод, а поситната риба како грунецот, кленот и плашката  ке се префрлат во Требенишко езеро, односно она што остана. Поголема количина на мртви риби има  во длабоките пукнатини кои сега се на суво,  а преку кои истекуваше  вода низ процепот на браната.

slatino 1

 

– Овие пукнатини се појавија пред некој ден . по повлекување на водата и сега се видливи. Рибата ќе се излови со влак“, вели Димитриевски Претседател на „Свети Апостол Петар“ концесионер на рибниот фонд за рекреативен риболов на „Слатино“.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он