ФОТО: Митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Mакедонија“ во Битола

Од:

Вечерва на плоштадот Магнолија, ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Mакедонија”
оддржаа промотивен митинг на кој го промовираа кандидатот и актуелен градоначалник на
Битола, Владимир Талески, и советничката листа.

Пред присутните се обратија и дел од коалициските партнери, кои побараа поддршка за уште
еден мандат за нивниот кандидат и што поголема поддршка за нивната листа за советници.
Тие потенцираа дека цврсто стојат зад сите проекти и дела.

Пред битолчани по третпат поддршка побара актуелниот градоначалник, Владимир Талевски,
кој во својот говор ги промовира програмата и отчетот на сработени проекти и им се
заблагодари на сите што дале придонес за нивната реализација.

„Благодарение на вашата поддршка, вашата помош реализиравме голем број проекти којшто
се аргумент за да побараме доверба за следниот мандат. Што значи тоа. Ние во отчетот оние
капитални проекти кои ги започнавме во следниот период сакаме да ги дозавршиме и јас не
кријам дека еден од најголемите аргументи на овие локални избори ќе биде индустриската
зона во Жабени”.

vmro (1)

Талевски вети нови вработувања, инвестиции во образованието, во инфрастурктурата, нови
паркови… Вети 1.000 000 евра за спорт и култура.

Вети проекти што беа ветување и во неговите претходни програми, а останаа само на хартија.

Последен пред битолчани се обрати премиерот на Република Македонија, Никола Груевски,
кој побара од битолчани континуитет во Битола и силна поддршка за листата и за кандидатот
за градоначалник ,Владимир Талевски.

„Драги пријатели, на некои места е потребен дисконтинуитет, но на некои места е потребен
континуитет. Таму каде што беше потребен дисконтинуитет ние и сами гледаме и сами си
ја вршиме работата, не чекаме народот да ни каже. Ама, таму каде што гледаме дека треба
континуитет, дека треба да се даде шанса на човекот што работел досега да продолжи со
истиот начин на работа, со истата енергија, со истата динамика, со делата којшто ги прави,
таму даваме континуитет и овдека во Битола ќе има континуитет“, истакна Груевски пред
битолчани.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618