ФОТО: Министерката Јанкуловска се возеше на велосипед

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска ја посетија велосипедската единица при СВР Скопје и заедно со нив направија заедничка обиколка на велосипеди од полициската станица „Беко” до Градскиот Парк.

Како што информирмираше министерката Јанкулоска, трасата по која денеска возеа е една од најфреквентните во Скопје и по истата во наредниот педиод полициските сили со поголема фреквентност ќе патролираат со велосипеди.

Screenshot_10

Градоначалникот Трајановски ја поздрави оваа активност, потенцирајќи дека со ова полициските сили ќе бидат помобилни и побрзо ќе ги извршуваат нивните задачи, како и дека во иднина и градските комунални редари ги патролираат со велосипеди.

Screenshot_11

– Во тек е постапката за набавка на нови велосипеди за 20-те комунални редари на Градот Скопје со кои тие ќе ги патролираат јавните површини во сите скопски општини. Истовремено, во наредниот период Градот Скопје интензивно ќе работи на адаптација на велосипедските патеки во насока на надминување на препраките со кои што се соочуваат велосипедистите, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода