ФОТО: Машки близнаци – првите нови жители во Битола во Новата година

Од:

Првите новороденчиња на одделението за неонатологија при Клиничката болница од Битола се машки близнаци. Точно на полноќ, на свет ги донесе мајката Александра Стрезовска од битолското населено место Бистрица. Нив денес ги посети градоначалникот на Битола, м-р Наташа Петровска.

„Имаме 17 новороденчиња во општина Битола, од кои 9 само ноќеска. Првите две се машки близначиња. На сите им посакувам здравје и долг живот. Посакувам родителите да им се радуваат и да ги израснат во личности кои што зад себе ќе остават траги и бележат успеси и ќе покажат што значи навистина да ги цените благодетите на животот“, рече градоначалникот на Битола м-р Наташа Петровска, на денешната посета на одделението за неонатологија при Клиничката болница во Битола, посакувајќи им здравје, живот и успеси на сите битолчани.

Би можело да ве интересира

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие