(ФОТО) Макрадули: Отпор, затоа што младите заслужуваат подобра иднина!

Од:

Активностите на отпорот се зголемуваат. Освен секојдневните маршеви, каравани и протести низ целата држава се интензивираа и средбите со граѓаните.

Вчеравечер, кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули, придружуван од пратеникот Сафет Бишевац и кандидатот за градоначалник на Бутел, Коста Начевски, одржаа серија на средби со граѓаните од населбите Бутел 1 и Радишани, како и во селото Визбегово.

jani-makraduli-butel (1)

Жителите на овој дел од Скопје дадоа силна и недвосмилена поддршка на активностите на отпорот за враќање на слободата и демократијата во Република Македонија преку предвремени парламентарни избори. Без демократија нема напредок и не може да се решат ниту останатите проблеми кои ги мачат граѓаните, посочија жителите. Тие ги акцентираа секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Бутел, каде освен лошата економска состојба нема добра инфраструктура, нема водовод и намалена е безбедноста на децата.

jani-makraduli-butel (2)

Факт е дека општина Бутел е заборавена од локалната и градската власт и сите овие проблеми ќе бидат решени по смената на власта затоа што младите заслужуваат подобар живот и подобра иднина, рече Макрадули во обраќањето пред жителите на Бутел.

jani-makraduli-butel (3)

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија