ФОТО: Макрадули на средба со граѓаните

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Јани Макрадули вчера оствари средби со жителите на Урбаните заедници Бардовци и Нерези.

Со граѓаните се разговараше за проблемите со кои се соочуваат, со легализација на земјиштето и со катастарот, за новиот урбанистички план во кој не влегува дел од Бардовци и Нерези.

Изразија огромно незадоволство за општата ситуација во државата, случувањата во Собранието како и партиските вработувања на градоначалникот Коце Трајановски.

Градот Скопје најмногу инвестира во Центар, заборавајќи ги останатите општини. Граѓаните на Карпош се дискриминирани и им се затворени вратите од Коце Трајановски бидејќи живеат во општина каде градоначалникот е од редовите на СДСМ.

Се пожалија на неквалитетниот воздух во изминативе години и многуте уништени паркови и зеленилата во градот. За крај им се обрати и советничката на Град Скопје Софија Куновска.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија