ФОТО: Лекар од Куманово на Конгрес од светска димензија

Од:

Кумановскиот интернист и кардилог, Драган Митевски е еден од петтмината лекари од Македонија, кој присуствуваше на европскиот Конгрес на кардиолози во Амстердам, Холандија. Конгресот, кој што одржа од 31-ви август, до 4-ти септември, беше причина поради која што разговаравме со овој добропознат лекар помеѓу кумановци.

Митевски ни раскажа дека бил поканет како делегат на редовните членови на европското Здружение на кардиолози, во кое што членува и македонското Здружение на кардиолози.

-Задоволство ми е што присуствував на европски собир, кој има светска димензија. Присутни беа колеги од целиот свет не само од Европа, туку и од Австралија, Азија и Америка. Станува збор за беспрекорно одлична организација -изјави тој.

Европскиот Конгрес на кардиолози се одржува секоја година, а овој пат на него присуствуваа околу 40.000 лекари од светот.

– За мене беше чест да се видат светските имиња од кардиологијата, кои што ги знам и од други европски собири. Присувствуваа емининтни професори, експерти од Париз, Лондон, Њујорк, Чикаго, Рим, Токио и слично, како и од големите кардиолошки центри од Австралија-раскажува интернистот и кардиолог, Митевски.

dragan-mitevski1

Тој додаде дека неговиот мотив за присуството на Конгрес од овој вид, освен контактите и пријателството со лекарите од целиот свет е и надоградбата на сопственото знаење.

-За мене основниот мотив беше да го надоградам сопственото знаење. Да го следам напредокот на медицината, да видам како работат останатите, да слушнам други искуства, како и да ги запознаам новите водичи во кардиологијата и сето тоа еден ден да го применам во пракса-изјави лекарот.

Митевски од овој конгрес покрај прекрасните впечатоци, во Македонија донесе и сертификат од европското Здружение на кардиолози и сите останати позначајни асоцијации од Европа.

dragan-mitevski2

-Станува збор за европски сертификат, кој има големо значење. Кога на пример би сакал да заминам некаде на доедукација, многу бргу би добил зелено светло, во речиси сите клиники. Како член на Здружение на кардиолози на Европа имам и картичка со број на идентификација. Со кои покрај што се добиваат поени на локално ниво, може да се влезе во сите клиники во Европа, да се добијат податоци, да се присуствува на операција и слично-наведе тој.

Кумановскиот лекар со само петнаесетгодишна кариера, зад себе веќе има 30-ина научни трудови, издадени во Македонија, но и во околината. Има учествувано и на многу други собири, меѓу кои Конгресот во Париз, Белград и Прага.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов