(ФОТО) Крушево: СТОП за режимот и диктатурата на Груевски

Од:

И покрај снегот кој непрестано паѓа, крушевчани вечерва излегоа да кажат јасно СТОП на режимот и диктатурата на Груевски.

Централната власт покрај достоинството, вербата и оптимизмот, почна да ни ја одзема и историјата. Централната прослава за националниот празник Илинден од историското Гумење ја пренесоа на плоштадот во Скопје, рече претседателот на СДСМ, Крушево, Спасе Стојчески.

krusevo (2)

Според Ташули Јуца, кандидат за градоначалник на здружената опозиција, економските политика на власта ги натераа младите иднината да ја бараат во други земји.

За 7 години во Крушево нема ниту едно вработување во реалниот сектор. Ако продолжат таквите состојби, за 4 до 5 години бројот на жители во нашето легендарно гратче ќе се сведе на 1.200, рече Јуца.

krusevo (3)

„Оваа битка ќе ја добиеме, од неа нема назад. Народот веќе не се плаши и тоа  веќе го гледа Груевски“, порача пред крушевчани, Весна Бендевска.

Би можело да ве интересира

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден