ФОТО: Кривичниот суд ги отвори вратите, в понеделник првото судење во новата зграда

Од:

По осум години изградба, новиот објект на кривичниот суд денеска беше во употреба. Првото рочиште во судот е зажано за в понеделник за случајот „Титаник“ на СЈО.

Барокната зграда која почна да се гради во 2010 година има десет нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје. Изградбата на објектот беше поддржана со приближно 8,3 милиони евра заем од Светска банка. Новиот објект има 74 судиски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни судници од кои едната ќе биде со капацитет за 200 лица за случаи на организиран криминал и една за 100 лица.

Обезбеден е простор за архиви, шалтер-сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, судиски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила. Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 квадратни метри.

Претседателот на Судот, Иван Џолев, рече дека надворешниот дел на зградата бил готов во 2013 година.

„Разни луѓе различно ја доживуваа надворешноста, на некои им се допаѓаше, а некои ја критикуваа. Кога сме кај убавината новата зграда ќе ја споредам со човекот. Лично сметам дека убавината доаѓа однатре, а не однадвор. Уште како мал ме учеа дека убавината доаѓа од внатрешноста. Убав човек е оној кој е убав однатре. Како и кај луѓето, така новиот кривичен суд убавината ќе ја креиара однатре, а ќе ја создадеме ние вработените во судот“, рече Џолев на денешното пуштање во употреба на новата зграда.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка

Тошковски: Кривичен определил надзорот над куќниот притвор на Рамадани да го врши МВР, но не го определил начинот на извршување на надзорот