(ФОТО) Краток прекин на гласањето во избирачките места 2292 и 2293 во Штип

Од:

Билбордот со плаката на кандидат за градоначалник, кој се наоѓа во непосредна близина на гласачките места 2292 и 2293 беше причината за краток прекин на гласањето.

Изутрината пред стартот на гласањето плакатата беше покриен со црна фолија, која беше откината од ветрот во текот на денот.

stip (3)

По реакција од страна на избирачи и претставник од политичка партија, кој се наоѓа во едно од овие избирачки места, беше побарано да биде прекинато гласањето за да се покрие или да се отстрани плакатата.

stip (2)

Избирачкиот одбор од ова избирачко место ја извести Општинската изборна комисија- Штип за новонастанатата состојба. На барање на претседателката на ОИК, противпожарната служба излезе на терен за да ја отстрани повредата на Изборниот законик (пропаганден материјал во радиус помал од 100 метри).

stip (4)

Се очекува гласањето да продолжи во секој момент.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември