ФОТО: Коски стари половина век најдени при ископ на зграда во Гостивар

Од:

Вчера попладне при вршење ископ на темели за изградба на станбена зграда на улица „Илинденска“ во Гостивар, на поголема длабочина пронајдени се коски.

Истражниот судија утринава изврши увид на местото. Според бројот на пронајдените коски, се утврдува дека станува збор за две лица, кои веројатно таму биле закопани пред педесетина години.

koskiGostivar (1)

„Според анализите што ги извршивме утринава, првично може да констатираме дека најверојатно станува збор за коски на две лица, а според староста на коските може да се утврди дека тие таму биле повеќе од 50 години“, информира Владимир Данилоски, д-р специјалист за судска медицина.

Коските ги пронашол 55-годишен градежен работник вчера во 17 часот. Тој веднаш ги прекинал работите и го известил инвеститорот, а веднаш потоа случајот тој го пријавил во Полициската станица Гостивар.

koskiGostivar (3)

Од таму велат дека во текот на денов ќе извршат комплетен увид на работите.

Г.М.

Би можело да ве интересира

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

Тригодишно дете ќе се загушело од гумена бонбона, без свест донесено во болница во Гостивар

Катерина Ѓуровски

Маж од Гостивар со измама од познаник зел 5.000 евра

Уапсен e насилник кој ја истепа својата 28-годишна сопруга

Горан Наумовски

Кривична за маж од Гостивар кој и се заканувал на сопругата