ФОТО: Копија од катедралната црква Света Софија во Охрид, се појави на грчка црква

Од:

Во грчкиот град Сидокастро во неделата беше осветен манастирот посветен на Св. Јован Крстител. На овој чин, според информациите на грчките медиуми, присуствувале Вселенскиот патријарх Вартоломеј и десеттина други грчи свештеници кои чиноначалствувале со богослужбата.

На осветувањето на храмот присуствувале и министри од грчката Влада, градоначалникот на Серез и многу видни грчки политичари. Но, она што е интересно за македонската јавност, манастирот посветен на Св. Јован Крстител во потполност соодвествува со западната фасада на охридската катедрална црква Св. Софија.

Тоа добро се гледа и од фотографиите.

Добрите познавачи на црковните прилики, но и историчарите на уметноста сметаат дека ова е уште една провокација на грчката страна, а никаде не е и наведено дека манастирот е граден по терк на охридската црква, која е единствено вакво културно наследство, а западната фасада на црквата е единствена како таква зачувана во правсолавниот свет.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник