(ФОТО) Кога „верниците“ напаѓаат…

Од:

По вчерашната опсада на Центар, од партиски верници на ВМРО-ДПМНЕ и демолирањето на општината се чека одговор од владиката Агатангел-дали вака изгледаат верниците и дали е ова верата која ја прокламира МПЦ?

По вчерашните инциденти реагира и ВМРО Народна од каде бараат јасен став дали МПЦ стои зад ваквото однесување, односно станала партиски приклучок на ВМРО-ДПМНЕ?

-Ја повикуваме МПЦ-ОА јавно да се огласи и да ги осуди овие протести бидејќи во суштината на истите не се споделуваат христијанските вредности. Обидот за јавен линч, насилство и извикувањето на погрдни зборови не се одлика на христијанската религија.

agatangel

Доколку МПЦ-ОА јавно не ги осуди горенаведените настани остануваме на нашата констатација дека за жал и црквата тотално ја загубила својата автономија и е само инструмент на владеачката гарнитура, се вели во соопштенито на ВМРО НП, од каде убедуваат дека стопирањето на градежните активности во Центар не се однесуваат на црквата Свети Константин и Елена.

Од партијата потврдуваат дека овие „верници“ се членови на ВМРО-ДПМНЕ кои вчера биле телефонски повикувани да одат на протестот.

Пцуење, навреди, туркање, плукање, тепање, закани за ликвидации, кршење. Вчера беше злоупотребена религијата за партиски цели. Бранителите на црквата кои ги бараа своите права во општина Центар се од општински организации на ВМРО-ДПМНЕ, повеќето од Драчево и Бутел, а координирани цело време од советник на ВМРО-ДПМНЕ во Центар. Тие добиваа инфорамции и инструкции кога да напаѓаат, а кога да се повлечат. Добиваа инструкции и да не бидат снимани и да не даваат изјави за да не се открие она што на сите им е јасно.

zelena (2)

zelena (1)

Освен  советниците, дел од овие членови на ВМРО-ДПМНЕ напаѓаа и новинари, а најгласен беше Алекдандар Трајковски, функционер на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во општина Гази Баба. Трајковски од новинарите бараше легитимации да снимаат, а полицијата немоќно креваше раменици. Истиот овој Трајковски претходно беше и предводник на маршот за семејство и детски колички.

Screenshot_111

trajkovski-opstina-centar

Меѓу демонстрантите и многумина функционери во администрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, редовни посетители на сите контрапротести. Некогаш земјоделци,  некогаш буџетари, некогаш верници.  Ниту вчера не помина без гаф „верникот“ кој покажуваше на неговите гениталии пред Собранието на протестот за буџетот. Вчера се претвори во верник за кого антихрист  стана „антифашист“.

perverzija

МВР вчера соопшти дека не може да ги спречи граѓаните да го искажат своето незадоволство, исто како што било и порано си други граѓани кои се бунтувале против политиката на екс составот на Советот на Центар. По демолирањето денеска соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории