ФОТО: „Сите сме Гевгелија“ со светски познат манекен како кандидат за советник

Од:

Независната граѓанска листа за советници во Советот на Општина Гевгелија од коалицијата „Сите сме Гевгелија“ во својот кандидатски избор за членови на највисокиот орган на локалната самоуправа во Општината истакнала непостојно лице како свој кандидат.

Skeniran Flaer

На рекламниот флаер на оваа независна граѓанска листа, кој се дистрибуираше деновиве низ Гевгелија, на местото под реден број 19 стои името на Јовче Гулев, роден 1983 година, невработен и негова фотографија, која ги збуни сите гевгеличани, бидејќи такво лице не постои во Гевгелија, освен во архивата на Гугл.

logan-0

Со отварањето на фотодокументацијата на Гугл излегуваат податоци за лицето од фотографијата:тој е светски манекен за фризури и актер, секако не од Македонија, а воопшто не од Гевгелија, со име и презиме Логан МекНил од Вирџинија – САД.

Поголемиот дел од граѓаните на Гевгелија низ социјалните мрежи веќе почнаа да ја исмеваат листата како обид за груба манипулација со гласачите.  Дел од нив обвинуваат дека за ваквото лажирање на податоците и лажните памфлети што се делат низ градот треба да одговараат организаторите на изборната кампања, коалицијата „Сите сме Гевгелија“ чиј носител на листа е Лилјана Карајанова.

Flaer-socijalni-mrezi

Како овие лажирања поминале низ строгиот кандидациски процес во органите на Државната изборна комисија, е посебно прашање, кое не смее да остане неодговорено.

Се на се, гевгеличани реагираат дека не заслужуваат вакви измами од своите сограѓани, особено не од лица што имаат намера да учествуват во креирањето на локалната политика на Општината.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226