По повод Меѓународниот ден на здравјето, Исламскиот младински форум, во Кичево, во соработка со општионскиот орган на Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија, организираше доброволнадавање крв. Овој е првата акција за донирање крв на ИМФ, посетувајќи дека во последниве години за Меѓународниот ден на здравјето, ИМФ имал различни хуманитарни активитети.
„ИМФ секогаш има организирано хуманитарни активности, но оваа година, во соработка со Црвениот крст, одлучивме доброволно да се донира крв. Имајќи предвид и ајети од Куранот, донирањето крв е многу ценет хуман гест“ – рече Мухамед Медмеди, лидер на ИМФ, Кичево.
Освен членовите на ИМФ и граѓаните, крв дал и новиот претседавач на Советот на Општина Кичево, Ќамил Алиу, кој рече: „Ова е само едно од многуте хумани дела на ИМФ што јас сум имал можност да ги следам и, исто така, ова е најценетиот, според мене, во однос на сите други дела. Куранот пишува дека да спасиш еден живот значи дека си спасилго човештвото. Се надевам дека крвта што ние ја подаривме ќе спаси нечиј живот“.
За Меѓународниот ден на здравјето, ИМФ изминативе денови организирал медицинска настава со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со превентивните чекори за најчестите болести на последните години.