ФОТО: Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија ги узурпира сите места за истакнување изборни плакати

Од:

Наспроти одлуката на Општинската изборна комисија за истакнување изборни плакати по пат на ждребување со утврден редослед на местата за нивно бесплатно истакнување, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија ги запоседна сите дозволени и недозволени места во општината за изборна пропаганда.

Деновиве негови плакати се истакнати на 100 проценти на одобрените места за изборно плакатирање, но и на места што воопшто не се споменати во одлуката на Општинската изборна комисија.

Така, негов постер со огромни димензии стои истакнат на зградата на „Радио Телевизија Гевгелија“, простории што тој ги затвори уште првиот месец од својот мандат. На шеталиштето „Маршал Тито“ негови постери се закачени на канделабрите од двете страни, и лево и десно, но и во двете насоки на движење низ шеталиштето, западно и источно, на трансформаторите покрај основните училишта, на оградите на деловните згради.

gevgelija-izbori-dpmne-08

Ваквото мегаломанско однесување на кандидатот веројатно останува незабележано од Општинската изборна комисија, која своите работни простории ги има токму во општинската зграда и нејзините членови секојдневно доаѓаат на работното место поминувајќи низ центарот на градот.

Зошто ваква кусогледост во однос на спроведувањето на нивните одлуки за рамноправен пристап до рекламниот простор и непочитувањето на редоследот на користење на просторот за истакнување на плакати од другите учесници во изборната кампања?

Со одлуката на ОИК плакати во градот може да се истакнуваат само на бетонската ограда на Градскиот стадион, на источната ограда на Градскиот пазар и на бетонските столбови на надвозникот на влезот на Гевгелија.

При ждребувањето сите организатори на изборната кампања треба да го користат рекламниот простор по следниот редослед: место број 1 – за листата на советници на ДОМ, 2 – за кандидатот за градоначналник на СДПМ, 3 – за кандидатот на кандидатот за градоначалникот на СДУ, 4 – за листата на советници и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, 5 – за листата на група избирачи предводена од Лилјана Карајанова и 6 – за листата на советници и за кандидат за градоначалник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226