ФОТО: Камион се преврте на кружниот тек во Ѓорче Петров

Од:

Сообраќајот во скопската населба Ѓорче Петров утринава се одвива отежнато заради превртен камион на кружниот тек кај „СП Планет“.

prevrten-kamion

Сообраќајната несреќа се случила околу пет часот изутрина кога камионот полн со „Туборг“ пиво  изгубил контрола при обид да го мине кружниот тек поради влажниот коловоз.

prevrten-kamion1

Полицијата го блокираше сообраќајот на кружниот тек и ги пренасочува возилата по локалните улици додека пивото натоварено во камионот се пренесува во друг камион со цел превртеното возило да се отстрани од коловозот  и да се овозможи нормален сообраќај.

prevrten-kamion2 prevrten-kamion3 prevrten-kamion4 prevrten-kamion5

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он