ФОТО: Кај Волерс се гледаше инаугурацијата на Обама

Од:

Амбасадата на САД во Скопје денеска во просториите на Американското катче организираше следење на свечената инаугурација на претседеталот Барак Обама која се одржа во Вашингтон по повод почетокот на неговиот втор претседателски мандат.

– Претседателот Обама во својот инспиративен говор спомена бројни предизвици со кои треба да се соочи Америка во следниот период. Предизвици стојат и пред Македонија и се надевам дека во наредните месеци и години ќе работиме заедно како партнери, рече американскиот амбасадор Пол Волерс по свечената инаугурација на Обама.

inauguracija

Свеченото стапување на должност на Обама што се одржа пред Капитол Хил во Вашингтон се проценува дека го следеле над 800 илјади лица.

Пред четири години инаугурацијата по повод неговиот прв мандат во Белата куќа го следеа 1,8 милиони Американци.

Инаку, Американското катче е преселено во нови простории во Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ и треба официјално да почне со работа во четврток.

Би можело да ве интересира

„Ве молиме вратете ни ја нашата мајка“ – ТВ водителка јавно им се обрати на киднаперите кои побараа милиони долари во криптовалути

Трамп условува воена помош: Повеќе инвестиции во одбраната за пристап до американско оружје

Трамп го избриша видеото на кое Барак и Мишел Обама беа прикажани како мајмуни

Предраг Петровиќ

Арагчи зборуваше по завршувањето на преговорите

ВИДЕО: Преговори САД-Иран додека се зголемува стравот од директен конфликт

Трамп: Иран не сака САД да ги нападне

А1он